Убиен познат млад адвокат

Младиот адвокат од Јагодина Немања Стојановиќ е убиен утрово околу 3 часот. Врз 26-годишниот адвокат било пукано пред влезот на зградата во која живее.

 

Стојановиќ, кој е син на познатиот јагодински адвокат Мики Стојановиќ, на повредите им подлегнал на местото каде што се случило злосторството.

Полицијата извршила увид и соопшти дека е во потрага по убиецот. н.ц.(Макфакс)